Коѕиас во јуни ќе ја посети Македонија

14.05.2015 10:15

Ова го јавуваат неколку грчки медиуми, во контекст на вчерашната средба на Коѕиас со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во Анталија...

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во јуни ќе го посети Скопје, во рамките на неговата турнеја по главните градови на Западен Балкан.
 
Ова го јавуваат неколку грчки медиуми, во контекст на вчерашната средба на Коѕиас со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во Анталија.
 
Грчкото МНР соопшти дека Коѕиас на средбата изразил длабоко сочувство од грчката Влада за семејствата на жртвите од последната криза во Македонија, „како и загриженост за ситуацијата, истакнувајќи дека мора да надвладее воздржаност, разум и дијалог“.
 
Двајцата министри разговарале за билатералната соработка меѓу двете земји, како и за прашања од регионален интерес. Тие исто така дискутирале и за можноста за усвојување на мерките за градење доверба, што би можело да придонесе за подобрување на билатералните односи.