Оглас за субвенции за урбанизација на селата

14.05.2015 12:07

Субвенции од државата ќе можат да се добијат и за изработка на урбанистички планови во селата. Локалните власти барањата треба да ги достават до платежната агенција до 15 јуни оваа година...

До средината на идниот месец општините можат да поднесуваат барања за обновување и развој на селата.

Можат да се финансираат урбанистички планови, опрема за фонатни, осветлување, патокази и за наводнување на зелените површини.

Субвенцијата изнесува 100 проценти од трошоците со максимална вредност до 20 милиони денари по корисник.

Исплатата е со аванси или на рати.          

 

Методија Трајков