Лидерска средба со присуство на Орав и Бејли?

14.05.2015 11:27

Заев веќе изјави дека ќе присуствува под услов на средбата да учествуваат американскиот амбасадор Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Mакедонија, Аиво Орав...

Неофицијално, за денеска во Kлубот на пратениците е најавена лидерска средба меѓу претседателите на четирите најголеми партии, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Заев веќе изјави дека ќе присуствува под услов на средбата да учествуваат американскиот амбасадор Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Mакедонија, Аиво Орав.

Ова се оценува како уште еден чекор за надминување на политичката криза во земјава.