Поради отсуство на адвокатите, одложено судењето на Верушевски
Денеска нему требаше да му се суди за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, поради тоа што при претресот во неговиот дом биле најдени два пиштоли, за кои од МВР тврдат дека немал дозвола...

Во Кривичниот суд беше одложен почетокот на судењето на екс- директорот на ДБК, Зоран Верушевски, поради отсуство на адвокатите.
Денеска нему требаше да му се суди за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, поради тоа што при претресот во неговиот дом биле најдени два пиштоли, за кои од МВР тврдат дека немал дозвола.
Според адвокатот на обвинетиот, пак, едниот пиштол Верушевски го добил во 1983 година, додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не е потребно да се има дозвола, додека вториот го добил како награда во 1997 година, од тогашниот министер за внатрешни работи, Томислав Чокревски. Верушевски се товари и за кривичните дела шпионажа и насилство кон носителите на највисоките државни функции.
Фиљана Кока
