Монодрамата „Јане Сандански- 100 години после“ во Драмски театар

14.05.2015 12:50

Јане Сандански бил од оние личности од нашата историја, што ја презирал опасноста од смртта, вели Темелковски...

Четврта премиера за оваа година во Драмски театар. На 19-ти ќе биде изведена монодрамата на Петар Темелковски „Јане Сандански- 100 години после“.

Јане Сандански бил од оние личности од нашата историја, што ја презирал опасноста од смртта, вели Темелковски.

Поводот за оваа монодрама е 100 годишнината од неговата смрт, кога животот го загубил од предавниците на Македонија.