Актуелната политичка ситуација негативно влијае врз туризмот

14.05.2015 13:08

Агенцијата повикува да се преземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација која влијае врз туризмот...

Итна седница на Агенцијата за поддршка на туризмот поради откажувањето на резервациите последните неколку дена причинето од состојбата во земјава.

Агенцијата повикува да се преземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација која влијае врз туризмот.

Според Кристијан Џамбазовски, директорот на агенцијата, состојбата предизвикала несигурност кај странските партнери и откажувања на веќе организираните патувања од странство кон Македонија.