Лидерска средба на четирите најголеми партии, амбасадорите Бејли и Орав набљудувачи
14.05.2015 13:03
Денеска во 14 часот и 30 минути ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје...

Лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА денеска во 14 часот и 30 минути ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.
На средбата, најавено е присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли и на шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, кои ќе присуствуваат на средбата како набљудувачи.
Средбата се оценува како уште еден чекор за надминување на политичката криза во земјава.
