Отворени телефони за помош на настраданите кумановски семејства

14.05.2015 13:45

Обезбедена хуманитарна помош за 110 семејства засегнати од неодамнешните настани во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово...

Црвениот крст на Република Македонија обезбеди хуманитарна помош за 110 семејства засегнати од неодамнешните настани во населбата „Тоде Мендол“ во Куманово.

Преку општинската организација на Црвениот Крст се следи состојбата на терен. Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош преку:

Сметка на фонд на солидарност: 300000001327966, даночен број 40-30-98-427-1620- Комерцијална банка, или преку повик на телефонските броеви со префикси: 075, 070 и 077 на 143-400.

Донациите во материјална помош може да се обезбедат во храна, бебешка храна, средства за хигиена, дезинфекција и постелнина. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот Крст во Момин Поток – Скопје од 8 до 18 часот во работни денови и во викендите до 16 часот.