ЕБОР: Македонија со најголем раст во регионот, политичката криза- ризик!
Оваа година бруто- домашниот производ се очекува да се зголеми за 3,5 проценти и дополнителни 3,7 проценти во 2016 година...

Македонската економија продолжува да расте со најбрза стапка во регионот на Западен Балкан. Оваа година бруто- домашниот производ се очекува да се зголеми за 3,5 проценти и дополнителни 3,7 проценти во 2016 година. Ризиците од намален раст, главно произлегуваат од внатрешните политички несогласувања, стои во последниот извештај за еконмските перспективи на Европската банка за обнова и развој.
ЕБОР предвидува растот на БДП во Албанија и Босна и Херцеговина годинава да изнесува 2,5 проценти, а следната три, во Косово 2,5 годинава и 3,5 проценти догодина, Србија 0,3 проценти годинава и 1,8 проценти следната година. Проекцијата за Бугарија за растот на економијата за годинава е 1 проценти, а за следната 1,5 проценти, а за Грција 0, а следната 2 проценти.
ЕБОР во извештајот наведува дека перспективите на економиите во Југоисточна Европа се подобруваат, како последица на монетарните олеснувања во еврозоната, послабото евро, пониските цени на стоките за широка потрошувачка и сѐ поголемата важност на националните политики.
