Обвинение за четворица насилни демонстранти приведени во протестите од 5-ти мај

14.05.2015 14:12

За деветмина се чека одлука од обвинителството дали ќе добијат кривична пријава, велат за МТВ од скопскиот Кривичен суд. Наскоро ќе биде закажано и судското рочиште...

За четворица од демонстрантите што беа приведени од полицијата по протестите од 5-ти мај е покренат обвинителен предлог.

За деветмина се чека одлука од обвинителството дали ќе добијат кривична пријава, велат за МТВ од скопскиот Кривичен суд. Наскоро ќе биде закажано и судското рочиште.

Четворицата демонстранти за кои е покренат обвинителен акт ќе одговараат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на својата должност.

На тројца им е продолжен притворот, а еден е пуштен со мерка претпазливост.