11 жртви во заложничка драма во Кабул
Авганистанската полиција го застрела напаѓачот и ослободи 54 лица, главно странци дојдени да гледаат концерт...

Заложничката драма во хотелот во Кабул заврши со 11 загинати, меѓу кои и американски државјанин и неколку Индијци. Авганистанската полиција го застрела напаѓачот и ослободи 54 лица, главно странци дојдени да гледаат концерт.
„Истражни тимови испитуваат како влегле терористите бидејќи нападот не почнал со експлозија на главната врата, ниту со убиство на стражарите, туку внатре во хотелот“, изјави Абдул Рахман Рахими, шеф на полицијата во Кабул.
Очевидци раскажуваат дека вооружени лица упаднале во хотелот по што одекнале експлозија и истрели. Се уште ниедна група нема преземено одговорност за нападот, иако Талибанците и претходно упаѓале во хотели.
