Мигранти од Мјанмар блокирани во Андаманското Море

14.05.2015 14:44

Бродовите се преполни, на нив има жени и деца и се во опасност да потонат во секој момент...

Стотици мигранти од Мјанмар се блокирани цела недела во Андаманското Море. Индонезија, Малезија и Тајланд одбиваат да ги примат бегалците, оставајќи ги во толку очајна состојба, без храна и без вода, што почнале да ја пијат сопствената урина.

Бродовите се преполни, на нив има жени и деца и се во опасност да потонат во секој момент. Патролите што ги праќаат тајландските и индонезиските власти само ги префрлаат во територијални води на другиот, без да им помогнат.

Припадниците на муслиманското малцинство Рохингја не можат да се вратат во Мјанмар, каде што не се признаени како граѓани и се редовно прогонувани.