Построги казни за непочитување на Законот за минимална плата
Работодавачите што нема да го почитуваат Законот за минимална плата ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице, предвидуваат измените на Законот за минимална плата што денеска го донесе Собранието...

Со построги казни надлежните ќе ги дисциплинираат несовесните работодавачи. За непочитување на законот за минимална плата инспекторите веднаш ќе пишуваат казни. Според ресорното министерство ваквата мерка ќе даде резултат.
Работодавачите што нема да го почитуваат Законот за минимална плата ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице, предвидуваат измените на Законот за минимална плата што денеска го донесе Собранието.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека доколку работодавачот во рок од седум дена ја плати глобата постои можност за намалување од 50 проценти од износот.
Со ваквиот нов концепт овозможуваме поправично санкционирање за оние што не го почитуваат Законот, појасни Спасов.
