НАТО и ЕУ ја зголемуваат соработката заради агресивната политика на Русија кон бившите републики

14.05.2015 17:45

Таа рекла дека двете страни ќе разговараат за тензијата во односите со Русија поради Украина и кризата на јужната граница на НАТО во моментот кога се соочува со прилив на емигранти од Либија...

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на состанокот на министрите за надворешна политика на земјите членки на НАТО, во Анталија- Турција  изјавила дека овие две организации иако се различни, се соочуват со слични предизвици, пренесува Танјуг.

Таа рекла дека двете страни ќе разговараат за тензијата во односите со Русија поради Украина и кризата на јужната граница на НАТО во моментот кога се соочува со прилив на емигранти од Либија.

„Она што е значајно за нас е силната соработка, нарочито кога се работи за размена на информации и за новите закани насекаде околу нас  кои не соединуваат. Ние сме поинакви по својата природа, ама делиме исти вредности“, изјавила Могерини. Истакнала дека за разлика од НАТО тоа не значи воен пристап, но не го исклучуваат и воениот аспект. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, критикувајќи ја Москва вели дека Русија е се поагресивна, со сила менува граници и со тоа ги заплашува соседите.