Повеќе од 700 мигранти стигнале до брегот на Индонезија

15.05.2015 10:21

Според најновите податоци рибари во морето пронашле 749 луѓе и ги довеле до брегот околу 5 часот наутро, по што привремено биле сместени во пристанишни складови...

Повеќе од 700 мигранти од Мјанмар и Бангладеш стигнале до брегот на источниот брег на индонезискиот остров Суматра.

Според најновите податоци рибари во морето пронашле 749 луѓе и ги довеле до брегот околу 5 часот наутро, по што привремено биле сместени во пристанишни складови.

Илјадници мигранти се заглавени на бродови во морето во југоисточна Азија, бидејќи владата во регионот се обидува да ги спречи да стигнат до брегот, и покрај барања на ОН да ги спасуваат.