Будимпешта против планот за квота за имигрантите

15.05.2015 12:00

Од кабинетот на Орбан велат дека тоа не доаѓа во предвид и е најавено дека ќе се блокира таквиот систем на квоти...

Унгарската влада повтори дека силно се противи на планот на ЕУ за воведување квота за да се подели товарот на приливот на големиот број имигранти во Европа преку Средоземното Море.

Од кабинетот на Орбан велат дека тоа не доаѓа во предвид и е најавено дека ќе се блокира таквиот систем на квоти.

Во Унгарија доаѓа се поголем број азиланти, најчесто преку границата со Србија. Се претпоставува дека бројот на барања за азил до крајот на годината би можел да се искачи до 100.000, споредено со 2013-та кога тој број изнесувал 19.000.