Уапсен маж кој се обидел да лансира дрон во близина на Белата Куќа

15.05.2015 12:02

Се истражува дали приведениот сакал дронот да го насочи кон Белата Куќа или да направи фотографии од воздух...

Неименуван претставник на безбедносните органи на САД изјави дека е уапсен маж кој се обидел да лансира беспилотно летало пред оградата на Белата Куќа. Се истражува дали приведениот сакал дронот да го насочи кон Белата Куќа или да направи фотографии од воздух.

Инцидентот се случува за нешто помалку од четири месеци откако припадник на разузнавачката служба, кој не бил на работа, лансирал дрон, кој слета во дворот на Белата Куќа.

Тогаш службата за безбедност на претседателот соопшти дека беспилотното летало не претставувало закана за безбедноста.