Ракомет

Вардар и Металург во битка за куп-трофејот

14.05.2015 22:38

Финалето меѓу Вардар и Металург е в сабота од 18 часот и 30 минути,додека петокот е резервиран за полуфиналните дуели во женска конкуренција...

Очекувано, екипите на Вардар и Металург ги оправдаа фаворитските улоги во полуфиналните натпревари од купот на Македонија и в сабота по 7-ми пат меѓусебе ќе решават за трофејот.

Металург дури во последната четвртина од натпреварот го скрши отпорот на Пролет и славеше со 24-20 во полуфиналето,додека Вардар убедливо со 46-25 го совлада Зомимак кој во второто полувреме одигра со јуниорскиот состав иако уште по првите 30 минути се беше јасно по водството на бранителот на трофејот со 24-14.

Финалето меѓу Вардар и Металург е в сабота од 18 часот и 30 минути,додека петокот е резервиран за полуфиналните дуели во женска конкуренција.

Од 17 часот Пелистер ќе игра со ЖРК Металург,а од 19 и 30 големиот фаворит Вардар во СРЦ Кале ќе се сретне со својот подмладок Вардар СЦБТ.