Страчинарски средби за Василица

14.01.2014 16:34

Страчинарите повторно затропаа на вратите во подбеласичкото село Мокриево

 Традиционално, на Свети Василиј, необичните суштества со страшни маски од изутрина тропаат со ѕвонците бркајќи го злото. Собираат колбаси и пченкарно брашно, од кое се гоштеваат гостите на традиционалните страчинарски игри. Мисијата на страчинарите е хумана, собираат за најсиромашните.

Според обичаите страчинарските маски имаат лековито дејство. Ракијата турена во нивните ѕвонци им помага на децата кои пелтечат. Старата карневалска традиција ја воодушеви публиката.

Празнувањето на Свети Василиј се одржа и во Струмица. Тука пред светите мошти на големиот светец поставени во црквата Свети Кирил и Методиј, граѓаните се поклонија и му ја оддадоа почитта. Василичарското утро го отворија децата-сурвари кои со песна собираа колачиња и пари од домовите на граѓаните.


новинар: Катерина Давчева