И ракометарките во битка за куп-трофејот

15.05.2015 15:23

За очекување е дека Металург по двете убедливи првенствени победи над Пелистер изразени со вкупно 47 погодоци разлика ќе нема проблеми ниту во денешното полуфинале против битолчанки...

Вардар и Металург ќе играат во машкото финале на 23-от куп на Македонија во ракомет,откако и двете наши најуспешни екипи ги оправдаа фаворитските улоги во полуфиналните дуели со Зомимак, односно Пролет,а сличен расплет се очекува и на полуфиналните натпревари во женска конкуренција по кои би требало да се формира истоимена финална двојка Вардар-Маталург.

За очекување е дека Металург по двете убедливи првенствени победи над Пелистер изразени со вкупно 47 погодоци разлика ќе нема проблеми ниту во денешното полуфинале против битолчанки,а уште помалку третопласираниот европски состав на Вардар кој од 19 и 30  ќе игра со својот подмладок или втор тим Вардар СЦБТ.

Нешто повозбудливо се очекува да биде утре на завршните куп  натпревари кои во спортскиот центар Јане Санданскиќе стартуваат со женското финале во 15 и 30 и три часа подоцна со 7-то меѓусебно куп финале меѓу Вардар и Металург.За денов да не мине без ракомет,македонската телевизија за 21 часот подготвува  снимка на собранискиот сервис од дуелот  Пелистер –Металург.