Поградец: Рама се сретна со партиите на Албанците од Македонија

17.05.2015 17:43

Партиски извори брифираат дека Рама имал одвоени средби со Ахмети и со Тачи, со кои разговарал за состојбата во Македонија и за унифицирање на албанскиот политички фактор во земјава.

Лидерите на ДУИ, ДПА, Движењето за реформи во ДПА, Националната демократска преродба и движењето Беса во Подградец имале средба со албанскиот премиер, Еди Рама.

Партиски извори брифираат дека Рама имал одвоени средби со Ахмети и со Тачи, со кои разговарал за состојбата во Македонија и за унифицирање на албанскиот политички фактор во земјава.

Рама, според информациите, на Ахмети и Тачи им најавил  дека не поддржува формирање нови политички партии на Албанците во Македонија.

На средбите во подградец присуствувале и спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, како и министерот за надворешни, Дитмир Бушати.