Египет: Убиени судии и џихадисти

17.05.2015 17:54

Само два часа по одлуката на судот во Каиро, група вооружени луѓе отворила оган врз возилото во кое се наоѓала група судии во градот Ал Ариш. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот...

Во Египет за помалку од 24 часа беа погубени шестмина џихадисти само еден ден откако поранешниот шеф на државата, Мохамед Морси беше осуден на смрт. Џихадистите биле погубени поради нападите во име на египетското џихадистичко движење лојално на Исламска Држава.

Покрај Морси уште 105 луѓе добија смртна казна поради масовно бегство од затвор во 2011 година.  Меѓу нив е и лидерот на Муслиманско братство, Мохамед Бади. Ваквата одлука на судот наиде на осуда.

„Египет се враќа во времето на стариот Египет. Знаете како било тогаш, нели? Знаете од учебниците по историја“, изјави Реџеп Таип Ердоган.

„Движењето Хамас ја осудува одлуката на судот во Египет. Сметаме дека ова е шокантна и невалидна одлука бидејќи е базирана врз неточни информации“, вели претставник на Хамас.

Само два часа по одлуката на судот во Каиро, група вооружени луѓе отворила оган врз возилото во кое се наоѓала група судии во градот Ал Ариш. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но се шпекулира дека е одговорна групата Ансар Баит ал Макдисм којашто неодамна се приклучила кон Исламска држава. Нападот ги засили стравувањата дека судиите ќе бидат новата цел на напади на милитантните групи во Египет, кои досега во главно ја напаѓаа војската и полицијата.

Мохамед Морси којшто беше првиот демократски избран претседател во Египетиздржуваказнаод 20 годинипорадипоттикнувањенасилстваврздемонстранти. Од власт беше соборен во 2013 година, а го наследи Абдел Фатах Ал Сиси.

 

Марина Автовска