Лоренцо го освои Леман
Лоренцо ја забележа 35-тата победа во кариерата во најсилната класа и 87 подиум, додека Роси го продожи одличниот старт на сезоната со две победи,две трети и денеска второ место ...

Двојниот светски шампион во Гран При Класата, Хорхе Лоренцо ја задржа формата по победата на Шпанското Гранд При и триумфира и за големата награда на Франција пред лидерот во генералниот пласман Валентино Росо и третопласираниот Андреа Довициозо. Лоренцо ја забележа 35-тата победа во кариерата во најсилната класа и 87 подиум, додека Роси го продожи одличниот старт на сезоната со две победи,две трети и денеска второ место за задржување на водството во поредокот по 5 трки со 102 поена пред Лоренцо со 87 и Довициозо со 3 помалку.Актуелниот шампион Марк Маркез заврши на 4-тата позиција каде што е и во генералниот пласман.
Во трка со неколку атрактивни излетувања во мото 2 класата до петиот триумф во кариерата –прв сезонава стигна Том Лути пред Тито Рабат и Јоан Зарко,кој и покрај третото местоја задржа предноста во генералниот поредок со 89 поени пред Лути кој изби на второто со 68 и третопласираниот Фолгер со 57.
Во Мото 3 класата до 6-тата победа во кариерата ,прва сезонава стигна Романо Фенати од тимот на Валентино Роси,а подиумот го комплетираа уште двајца италијанци: Енео Бастијанини и Франческо Бањаја.Бастиајанини напредуваше 16 места од стартот за 5-ти пиедестал во кариерата,а феноменална трка имаше лидерот во поредокот Дени Кент кој од 31-та позиција на стартот стигна до 4-тата на целта зголемуваќи го водството со 104 поени,37 повеќе во однос на Бастианини кој се проби на второто, и 44 пред Васкез кој заедно со Куадрадо денеска не ја заврши трката.
