Во Куманово мирно по минатонеделната акција

17.05.2015 18:25

Во Куманово вообичаен неделен ден. На улиците во центарот на градот каде се лоцирани државни и општински институции отстранети се полициските блокади, сообраќајот се одвива непречено. Во градот е мирно по минатонеделната полициска акција во кумановската населба „Тоде Мендол“ за разбивање на терористичката група...

По вчерашното отстранување на блокадите кои водат по улиците кон СВР Куманово, Судот и Општината, во Куманово сообраќајот на тој патен правец е повторно прооден за автомобили. Изминатата ноќ и денот протекоа мирно, граѓаните беа вообичаено раздвижени и излезени да си ги вршат секојдневните обврски. По точно една недела, од акцијата на МВР, денеска работеше и Зелениот пазар со вообичаена фреквенција на купувачи и продавачи.
 
Кумановци изјавија дека се чувстуваат безбедно и не очекуваат мирот и стабилноста во градот да бидат повторно нарушени.
 
Полека почнува да се враќа и живтотот во Дива населба. За погодените семејства пристигна помош од сите страни. Жителите од 66 -те куќи беа разрушени за време на настани кои се случија на 9 и 10 мај се уште не се вратени, но се надеваат дека наскоро куќите ќе им бидат реконструирани.
 
Кризниот штаб Куманово, кој беше формиран токму за помош погоденото население во оваа населба, нема закажан  состснок, но доколку има потреба повторно ќе одржи средба.
 
Како што информираа од таму, се очекува овие денови да се отпочена со расчистување на шутот од разрушените куќи од страна на комуналните претпријатија од Куманово и Скопје.
 
 
 
Габриела Димковиќ