Лидерски средби: Денеска во Скопје, утре во Стразбур
Утре, Груевски и Заев ќе заминат во Европскиот Парламент во Стразбур, каде што ќе се сретнат со европарламентарците на нивно барање...

Лидерите на најголемите политички партии во земјава денеска повторно ќе седнат на заедничка маса. Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи се очекува денеска во Скопје да ја одржат втората средба за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.
Како и во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се очекува на средбата да присуствуваат амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав.
Утре, Груевски и Заев ќе заминат во Европскиот Парламент во Стразбур, каде што ќе се сретнат со европарламентарците на нивно барање. На средбата ќе се разговара за решение за излез од политичката криза. Од двете партии се воздржани и не сакаат да зборуваат за овие иницијативи.
Пред да се оствари оваа средба, денеска Советот за надворешни работи на Европската Унија ќе излезе со единствен став во врска со случувањата во Македонија и со пристапот кој треба да се преземе.
