Престрелка меѓу моторџиски банди во Тексас

18.05.2015 11:48

Според очевиците, паркинг просторот пред барот изгледал како вистинска воена зона...

Девет лица се убиени, а 16 се ранети во престрелака меѓу две спротивставени моторџиски банди во Тексас. Инцидентот се случил пред спортскиот бар и ресторан „Твин Пикс“, познато собиралиште на моторџиите.

Според очевиците, паркинг просторот пред барот изгледал како вистинска воена зона. Полицијата соопшти дека се работи за многу непријателски настроени и опасни банди.

Се стравува дека моторџиите може да се префрлат на друга локација каде што повторно ќе се пресметаат.