ИДИЛ ја презеде контролата врз Рамади

18.05.2015 11:53

Претходно, ирачкиот премиер Абади им нареди на безбедносните сили да не ги напуштаат позициите во Анбар...

Милитантната група Исламска Држава ја презеде контролата врз Рамади, главениот град на западната ирачка провинција Анбар.

Претходно, ирачкиот премиер Абади им нареди на безбедносните сили да не ги напуштаат позициите во Анбар, а на шиитските милиции им порача да бидат подготвени да влезат во провинцијата во која доминираат сунитски муслимани.

Најмалку 500 цивили загинале од почетокот на офанзивата на милитантите на Исламска држава во Рамади, а повеќе од 100 илјади жители ги напуштиле своите домови.