Канада ја декласира Русија за 25 мундијалско злато, Крозби во историјата

18.05.2015 13:41

Хокеарите од земјата на „јаворовиот лист“ го одиграа турнирот како во еден здив, со 10 победи во исто толку натпревари и со фантастични 66 постигнати и само 15 примени погодоци...

Хокеарите на Канада триумфално го завршија 79 Светско првенство во хокеј на мраз, кое во изминатите 17 дена се одржа во Чешка. Во меч за титулата Канада ја прегази Русија со 6 : 1 во едно од најдоминантините финалиња во историјата. Ги добија сите периоди и тоа првиот со 1 : 0, вториот до 3 : 0 а третиот со 2 : 1, кога му допуштија на ривалот да постигне почесен гол. За односот на силите на мразот во “О2 арена“ свечочи и односот на упатени удари од 37 : 12 во противничкиот гол. За моќта на тимот потврдува и фактот дека во финалето никој не постигна повеќе од еден гол, а за тимскиот приод најдобар индикатор е дека на листата на најефикасни поентери првите тројца и шестмина од вкупно седуммина се Канаѓани, предводени од Џејсон Спеца со 14 поени. Хокеарите од земјата на „јаворовиот лист“ го одиграа турнирот како во еден здив, со 10 победи во исто толку натпревари и со фантастични 66 постигнати и само 15 примени погодоци. По доминацијата во групната фаза, во четвртфиналето се загреваа против Белорусија во триумфот од 9 : 0, а во полуфиналето со 2 : 0 не и дозволија на Чешка да се бори за титулата. Со тоа олимпискиот шампион ја освои и светската круна по пауза од 8 години, што е нивно јубилејно 25 злато и рекорден 47 трофеј со кој Канада се зацврсти на лидерската позиција на вечната листа. Зад нив е некогашниот СССР со 22 титули, Шведска има 9, а селекцијата на Чешка и поранешниот ЧССР се со по 6 златни медали. 

Индивидуално, триумфот во финалето го промовира Сидни Крозби како 9 –ти Канаѓанец и вкупно 26 –ти член на „трипл голд клуб“ во кој се освојувачи на Олимписки игри, Светско првенство и „Стенли куп“. Центарот на Канададвапати победи на Олимпијадите во 2010 и во 2104 година, ја освои НХЛ титулата во 2009 со Питсбург а со златото на светското првенство е единствен во историјата кој секогаш ја носел капитенската лента. Својотуникатен талент го навести на своето мундијалско деби во 2006 во Летонија, кога како 18 –годишник беше најефикасен со 16 поени.Слично како и на ОИ во Сочи минатата година две северноамерикански земји беа на подиумот, откако претходно во борба за бронзениот медал САД славеше над домаќинот со 3 : 0.Во редовите Чешка без трофеј остана 43 –годишниот Јаромир Јагр, кому за утеха му припадна признанието МВП на шампионатот.