Јанта до титула или Работнички до мајсторка?
Четвртиот натпревар во финалната серија од женскиот одбојкарски шампионат на Македонија може да биде и последен доколку триумфира составот на Горан Јаневиќ којшто води со 2-1 во низата прв до три победи...

Јанта волеј е пред шампионска промоција, а Работнички веќе нема право на грешка. Четвртиот натпревар во финалната серија од женскиот одбојкарски шампионат на Македонија може да биде и последен доколку триумфира составот на Горан Јаневиќ којшто води со 2-1 во низата прв до три победи. По успехот на противнички терен минатата недела, Јанта може да се закити со првиот сениорски пехар во своите витрини. Услов е да ја искорити предноста на својата сала.
Мкладенова и Грче денеска нема да бидат во комбинација за настап, а во домашниот тим ќе се најдат Златинова и Ѓорѓиева. Кај Работнички, Горан Славков нема да прави персонални промени, иако играта на неговите избранички не беше на ниво на средбата пред седум дена. Тогаш имаше многу емоции, возбудувања и пресврти, впрочем како и во текот на целата сезона во којашто по осум соочувања резултатот е изедначен 4-4. Во финалната низа, пак, сите пресметки траеа најмалку по два часа, а ниту една не заврши во три сета. Првата и припадна на Јанта со целосен пресврт со 3-2, втората ја доби Работнички со 3-1, а на третата повторно се радуваше Јанта со 3-2. Во купот Работнички беше подобар во пет сета.
Очекуваме идентична понуда и во денешниот дуел од 19 часот. Некоја минута порано ќе биде преносот на Собранискиот сервис на МРТ.
