Франција: Уапсени 9 лица поради ограбување на Саудискиот принц
18.05.2015 14:59
Осомничените се уапсени во околината на Париз и се наоѓаат во притвор...

Француската полиција упасила 9 лица осомничени за спектакуларен грабеж на конвојот автомобили на Саудискиот принц минатата година во Париз, кога крадците зеле 250.000 евра. Осомничените се уапсени во околината на Париз и се наоѓаат во притвор.
Нападот на колоната се случил лани во август. Група од околу 8 крадци со два автомобила најпрвин киднапирала едно од возилата заедно со три лица што се наоѓале внатре. Подоцна тие биле ослободени и никој не бил повреден.
