Турција: Бомби врз седиштето на Прокурдската партија
18.05.2015 15:07
Експлозиите се случуваат непосредно пред Парламентарните избори во земјата, закажани за 7-ми јуни...

Најмалку 6 луѓе се повредени во две одделни координирани експлозии во канцелариите на прокурдската Народно демократска партија во Адани и Мерсин.
Експлозиите се случуваат непосредно пред Парламентарните избори во земјата, закажани за 7-ми јуни.
Партијата е релативно нова во турската политика и основана е во 2012 година, како политичко крило на сојуз на неколку левичарски групи.
