Мајски оперски вечери

Оперската дива Даниела Деси на средба со министерката Канческа- Милевска

18.05.2015 16:03

Една од најпознатите светски оперски певици- Даниела Деси со првичните импресии пред настапот на 43-те Мајски оперски вечери. В четрвток ќе ја изведе „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа...

Се чувствуваме разгаленo во Македонија, зашто Македонците се гостопримлив народ. Една од најпознатите светски оперски певици- Даниела Деси со првичните импресии пред настапот на 43-те Мајски оперски вечери. В четрвток ќе ја изведе „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа.

„Убава е земјата. Се надевам дека  ќе имам можност да ја запознаам уште поубаво и во иднина и ја прифаќам поканата на министерката повторно да се вратам. Ќе направиме колку што може подобро вечерта кога ќе настапам да биде за паметење и сите да бидат задоволни и среќни“, нагласи оперската певица Деси.

Мајските оперски вечери ќе траат до 31-ви мај. Годинава доминираат гости од Италија, лулката на операта. Ќе настапат и гости од Србија, Бугарија, Украина, Индонезија.

„Министерството за култура дава силна поддршка на Мајските оперски вечери и дека како и досега и во иднина ќе продолжиме со целосна финансиска поддршка на оваа манифестација“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

На Мајските оперски вечери учествуваат и првенците на Македонската опера, Борис Трајанов и Весна Гиновска-Илкова. Овој четиридецениски фестивал кој ја слави културата, традиционално ќе биде затворен со вердиевата „Аида“.

 

Александра Перевска