Терористите можат да стигнат во Европа како емигранти

18.05.2015 18:04

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека припадниците на исламските екстремистички групи би можеле да стигнат до Европа под превезот на емиграцијата...

Оваа можност бара ефикасна реакција, нагласил Столтенберг кој присуствува на состанокот на европските министри за надворешни работи и за одбрана, на кој треба да се одобри планот на Унијата за поморска операција за спречување на криумчарење луѓе претежно од брегот на Либија, јавува АПФ, а пренесува Танјуг.

Столтенберг потврди дека голема е можноста ИСИЛ да ги криумчари своите борци на бродовите со емигранти. НАТО вложува напори за соработка со северноафриканските и блискоисточните земји за неутрализација на причините за емиграција.