Мерки на Владата за стечајците и професионалните војници
Премиерот Никола Груевски ги најави новите владини мерки за вкупно околу 7 илјади лица, стечајни работници од 2004 до 2013 година, како и за продолжување на работниот статус на професионалните војници по 45-та година.
Владата утврдила дека може да се интервенира со финансиска помош од 7.100 денари за секој од 3-те илјади стечајци со 25-годишен работен стаж кои останаа без работа во фирмите во државна или доминантно државна сопственост.

За ова во наредните денови Министерството за економија ќе направи анализа за фирмите и за лицата кои останале без ртабота од 2004 до 2013 година.
Владата ја подигнува горната граница за професионалните војници од 38 на 45 години возраст. По завршувањето на професионалниот стаж во АРМ, овие војници ќе бидат прераспределени во неколку министерства, како и во државната управа, до крајот на работниот век.
Интегралното обраќање на претседателот на владата на интернет страницата mrt.com.mk