Варуфакис: Мислам дека сме многу блиску до постигнување договор со кредиторите
19.05.2015 12:26
Нагласи дека според кредиторите, дојдено е времето за склучување договор, и додаде дека нема да биде прифатен никаков компромис...

Мислам дека сме многу блиску до постигнување договор со меѓународните кредитори, кој земјата ќе ја спаси од банкрот изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Нагласи дека според кредиторите, дојдено е времето за склучување договор, и додаде дека нема да биде прифатен никаков компромис.
Ве уверувам дека ако бидеме исправени пред дилемата дали да му платиме на кредитор, кој одбива да потпише договор со нас, или на пензионер, тогаш ќе му платиме на пензионерот.
Се надевам дека ќе успееме да им платиме и на двете страни, изјави грчкиот министер.
