Русија го затвори небото за транзит на американското оружје во Авганистан
19.05.2015 14:09
Рускиот премиер Димитриј Медведев потпишал указ со кој Русија го затвора коридорот за транзит на воената техника во Авганистан...

Во текстот на указот му се наложува на Министерството за надворешни работи на Русија да ги информира владите на странските држави и мегународни организации за прекинот на транзитот преку територијата на Русија, пренесува „Спутњик“.
Прекинот на транзитот се однесува на оружје, воена техника и опрема на меѓународните сили за помош на безбедноста на Исламската Република Авганистан, како и во спротивна насока.
Претходната спогодба од 2009 г. за транзит на оружје од САД преку руското небо не важи.
