Џихадистите во Данска земале социјална помош

19.05.2015 15:32

Најмалку 32 државјани на Данска примале социјална помош за невработени во вредност од 57 илјади американски долари додека истовремено биле „вработени“ водејќи џихад во Сирија, покажуваат податоците на данската влада.

Данската агенција за вработување досега има информации од безбедносната и разузнавачката служба за 32 лица чиешто заминување во странство е поврзано со конфликтите во Сирија, а истовремено во Данска примале примале социјална помош, пренесува Танјуг.

Двата вида помош за невработени им е исплатувана на припадниците на Исламска држава, пренесува „Раша тудеј“. Ова ја покажува немарноста на Копенхаген спрема екстремистите, смета членот на данската Народна партија Петер Скаруп. Тој додава дека секој случај треба поединечно да се пријави в полиција затоа што лицата што се во средиштето на сириската граѓанска војна не се берзата на трудот. Податоците за злоупотребата на социјалната помош од страна на радикалните борци на Исламска држава се откриени во ноември 2014 година. Тогаш, според податоците на безбедносните служби се работело за 28 лица, но без точни податоци за колку пари се работи. Според податоците пак на Агенцијата за вработување, од почетокот на граѓанската војна најмалку 115 дански државјани им се придружиле на џихадистите  во Сирија и во Ирак, а 19 загинале во борбите.