НАТО: Русија да се повлече од Украина
19.05.2015 16:51
НАТО повеќепати упати критики до Русија поради наводната вмешаност во кризата на истокот од Украина и побара почитување на договорот од Минск...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг му порчал на рускиот шеф на дипломатијата Лавров дека Русија мора да и стави крај на поддршката на сепаратистите за Украина.
Тој истакнал дека Москва мора да ги повлече сите војници и тешкото вооружување од земјата. НАТО повеќепати упати критики до Русија поради наводната вмешаност во кризата на истокот од Украина и побара почитување на договорот од Минск.
Русија, пак, негира дека испратила војници или оружје како поддршка за проруските сепаратисти.
