Душебаев во црвено - црниот дрес до 2017-та
22-годишниот десен бек, сезонава со 73 гола беше во ТОП 10 стрелците во Лигата на шампините во којашто неколкупати беше дел на тимот на колото...

Двете елитни четвртфиналиња не ги задоволуваат амбициите на Вардар, па црвено - црните и наредните сезони ќе имаат респектабилна екипа. Во неа важно маесто има и за Алекс Душебаев, па шпанскиот ракометар го продолжи договорот со Вардар до 2017-та.
22-годишниот десен бек, сезонава со 73 гола беше во ТОП 10 стрелците во Лигата на шампините во којашто неколкупати беше дел на тимот на колото. Во својата втора сезона во Вардар, Душебаев беше избран и во идеалната екипа на регионалното натпреварување.
Досега во дресот на Вардар, Душебаев се радуваше на трофејот во СЕХА лигата минатата година и на два куп - пехара, а е пред освојување и на првата шампионска титула.
