Македонија не влезе во финалето на Евросонг 2015
20.05.2015 08:42
По пат на телевоутинг беа избрани десет: Ерменија, Белгија, Грција, Естонија, Србија, Унгарија Русија, Албанија, Романија и Грузија, кои остануваат во изборот на најдобра песна во Европа...

Даниел Кајмакоски со „Autumn Leaves“ не се пласираше во големото финале за 60-тата Евровизија во Виена, по синоќешниот настап на првото полуфинале во кое се натпреваруваа 16 земји.
По пат на телевоутинг беа избрани десет: Ерменија, Белгија, Грција, Естонија, Србија, Унгарија Русија, Албанија, Романија и Грузија, кои остануваат во изборот на најдобра песна во Европа.
Втората полуфинална вечер е утре кога ќе бидат избрани уште десет земји кои ќе се придружат во финалето на 23 мај во концертната сала Штадхале.
