60-то јубилејно издание на Избор за песна на Евровизија - Виена 2015

Познати првите 10 полуфиналисти од Првата полуфинална вечер

20.05.2015 10:30

Ведар дух и добро располжение владее и кај Даниел Кајмакоски и неговиот креативен тим, но и кај сите членови на Македонската делегација во Виена...

Унгарија, Албанија, Србија, Естонија, Романија, Белгија, Ерменија, Грција, Русија и Грузија се земјите чиишто претставници својата песна ќе ја одпеат уште еднаш на евровизиската сцена на големото финале во сабота на 23-ти мај.

На прес конференцијата по завршување на првото Евровизиско полуфинале, со жрепка беше одреден  настапот во првата или втората половина на  финалето. Австрискиот радио дифузер како домаќин и продуцент на годинашниов евровизиски избор го задржува правото на одредување на дефинитивниот редослед  на секоја земја и представник, со што на секоја песна и интерпретатор би им се овозможиле подеднакви шанси за                             „блеснување“ на сцената, а со тоа и остварување на телевизиска динамичност во сценарото и на сцената за огромниот телевизиски аудиторим.

И оваа година за конечниот пласман одлучуваат  гласовите на стручното жири и гласовите добиени од телевоутингот во сооднос од 50:50%. Кој како е пласиран, поточно која земја колку поени добила од секој член на националните жирија и колку гласови и пораки се регистрирани од телевоутингот - Европската радио дифузна унија објавува по одржувањето на финалето на завршната прес конференција но и на официјалната Евровизиска веб страна.

На сцената видовме 16 одлични изведувачи и песни а некои од нив веќе важат за евровизиски хитови.

Ведар дух и добро располжение владее и кај Даниел Кајмакоски и неговиот креативен тим, но и кај сите членови на Македонската делегација во Виена. По завршувањето на првото полуфинале, во хотелот каде што е сместена македонската делегација, но и уште 3 други евровизиски делегации, од страна на Португалската делегација, Даниел беше дочекан со песна и аплаузи. Со тоа уште еднаш на дело се потврдува суштината на овој музички избор - да се градат мостови на пријателства, на рзбирање и на почитување на различностите и посебностите и на народите и на луѓето воопшто.

Португалците и 16 други земји вечерва ги очекува втора проба, но и генералната проба за вторта полуфинална вечер на годинашниов избор на Песна на Евровизија на којашто  гласа стручното жири во 17 земји коишто настапуваат на евровизиската сцена утревечер и се разбира стручното жири во Обединетото кралство, Германија, Италија и Австралија.

Во второто полуфинале ќе ги настапуваат:

Литванија, Ирска, Сан Марино, Црна Гора,  Малта, Норвешка, Португалија,  Чешка, Израел, Летонија, Азербеџан, Исланд, Шведска, Швајцарија, Кипар, Словенија и Полска.

Директниот пренос на МТВ1, МТВ2, МРА1, МРА2 и сателитеските програмски сервиси на МРТ,  од втората полуфинална вечер проследете го во четврток на 21.05.2015, во 21 часот.

 

Каролина Петковска, специјален известувач од Виена за МРТ