Штрајкот на германската железница станува порадикален
20.05.2015 12:09
Од „Дојче бан“ најавија преговор со синдикатот за решение на кризата...

Се радикализира штрајкот во германската железница. Откако машиновозачите на товарните возови прекинаа со работа, им се приклучија и колегите од патничкиот сообраќај.
Од „Дојче бан“ најавија преговор со синдикатот за решение на кризата. Лошите услови за работа и ниската плата, се главните причини за прекинот на работата.
Се очекува милиони лица да бидат оневозможени да патуваат поради штрајкот. „Дојче бан“ дневно превезува околу 5,5 милиони луѓе и има 300.000 вработени.
