Индонезија: Спасени повеќе од 370 мигранти

20.05.2015 12:27

Според првичните информации луѓето речиси дехидрирани, гладни и болни, доаѓале од Мјанмар...

Индонезиските власти соопштија дека рибарските бродови спасиле повеќе од 370 емигранти кои подолг период биле на отворено море.

Според првичните информации луѓето речиси дехидрирани, гладни и болни, доаѓале од Мјанмар.

Владите на Малезија и Индонезија соопштија дека обезбедиле привремено згрижување на неколку илјади емигранти кои се на отворено море, но под услов  подоцна да ги вратат во матичните држави.