Сивол: Западниот Балкан регрутира борци за Ирак и Сирија
20.05.2015 13:33
Насилниот екстремизам се шири географски и никои не е имун на оваа опасност, рече потсекретарката на Безбедносната конференција во Тирана...

Американскиот државен потсекретар Сара Сивол оцени дека Западниот Балкан регрутира странски терористички борци за боиштата во Ирак и Сирија.
Насилниот екстремизам се шири географски и никои не е имун на оваа опасност, рече потсекретарката на Безбедносната конференција во Тирана.
Според американските истражувања, 700 терористи од Западен Балкан, главно од Босна и Косово, им се приклучиле на џихадиските во Сирија и во Ирак.
