Ципрас на средба со Меркел и Оланд

21.05.2015 11:37

Ципрас се надева дека неговата средба со Меркел и Оланд ќе резултира со позитивен исход што ќе ги забрза разговорите со кредиторите...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на маргините на состанокот на лидерите на Европската унија во Рига.

Ципрас се надева дека неговата средба со Меркел и Оланд ќе резултира со позитивен исход што ќе ги забрза разговорите со кредиторите.

Средбата  се одржува еден ден откако министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави дека не гарантира дека Грција ќе се спаси од банкрот.