Абот: Австралија одбива да пружи помош на бегалците

21.05.2015 13:38

На бегалците од Мијанмар и Бангладеш во Бенгалскиот Залив со недели им беше оневозможуван пристап до копното...

Австралискиот премиер Тони Абот соопшти дека неговата држава одбива да пружи каква било помош во прифаќањето на бегалците од Мијанмар и Бангладеш на кои во Бенгалскиот Залив со недели им беше оневозможуван пристап до копното.

Државите од регионот на Југоисточна Азија, Малезија и Индонезија решија да обезбедат кампови за прифаќање на над 7.000 емигранти, но го ограничија нивниот престој до најмногу една година.