Во Крушево- работилница за гитара со Влатко Стефановски
Стефановски восхитен од идејата вели дека во тинејџерските години кога учел гитара, вакво нешто не било возможно. Ова е голема шанса, рече Влатко...

Да се биде врвен гитарист, да се свири со најдобрите, да се учи од идолот. Министерството за култура и продукцијата „Трето Уво“ ќе им ја исполнат желбата на сите што ја сакаат гитарата и сакаат да научат од Влатко Стефановски. Тој е еден, а на Македонија и се потребни многу успешни уметници како него.
Стефановски восхитен од идејата вели дека во тинејџерските години кога учел гитара, вакво нешто не било возможно. Ова е голема шанса, рече Влатко.
Резултатите од заедничката работа на влатко и оние што ќе го посетат курсот, ќе бидат презентирани на завршен концерт, кој ќе се одржи пред платото на спомен домот, каде младите гитаристи ќе имаат можност да настапат со својот идол. Министерката за култура истакна дека работилниците ќе овозможат спомен -домот на Тоше да стане регионален центар за млади музичари од цела Југоисточна Европа, каде долгорочно музички ќе се усовршуваат.
Првата помисла за музичар со кого треба да се стартува беше Влатко, зашто со своите гитарски перформанси е еден и единствен. Од Париз до Истанбул, тој e без сериозна конкуренција, рече Иво Јанковски.
Курсот е отворен за сите возрасти и е бесплатен.
Александра Перевска
