Џихадистите на ИДИЛ го освоија древниот град Палмира
21.05.2015 16:49
Сириските власти веќе извлекоа од градот стотици статуи за да ги заштитат од милитантите...

Џихадистите од ИДИЛ целосно го зазедоа древниот сириски град Палмира кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО. Организацијата апелираше до меѓународната заедница, Обединетите нации и Советот за безбедност бидејќи уништувањето на Палмира би било воено злосторство и голема загуба за светот.
„Зборуваме за раѓањето на човечката цивилизација, за нешто што му припаѓа на целото човештво“, изјави Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО.
Сириските власти веќе извлекоа од градот стотици статуи за да ги заштитат од милитантите, кои веќе ги уништија древните Хатра и Нимруд во Ирак.
