Разбиена меѓународна нарко група која дејсвувала во Хрватска и Република Српска
21.05.2015 16:51
Го снабдувале со кокаин, амфетамини и марихуана дубровничкиот нарко пазар во екот на туристичката сезона...

Во меѓународната полициска операција „Маска“ разбиена е нарко група што дејствувала Хрватска и во Република Српска. Неофицијално, уапсени се шест лица во Дубровник и уште 17 во Бања Лука и Требиње, меѓу кои четворица полициски службеници.
Го снабдувале со кокаин, амфетамини и марихуана дубровничкиот нарко пазар во екот на туристичката сезона.
Се претресуваат станови и туристички објекти, градот е блокиран од тешко вооружени специјалци.
Акцијата е продолжение на Гладиус од 2013 кога беа уапсени над 50 луѓе и запленети речиси 400 килограми марихуана.
