Познати новите 10 финалисти од второто полуфинале на Изборот за песна на Евровизија

Евросонг 2015: По кој редослед ќе се настапува во големото финале

22.05.2015 12:16

Во финалето покрај веќе одбраните финалисти од првата полуфинална вечер, земјите од големата петорка, земјата домаќин Австрија и Австралија, ќе ги видиме и...

Стручното жири кое гласаше на генералната проба во средата и публиката преку телевоутинг во 21 земја, низ директниот пренос вчеравечер ги одбраа 10 финалисти од втората полуфинална вечер на јубилејниот 60 избор за песна на Евровизија.

Во финалето покрај веќе одбраните финалисти од првата полуфинална вечер, земјите од големата петорка, земјата домаќин Австрија и Австралија, ќе ги видиме уште и:

  • Литванија
  • Полска
  • Словенија
  • Шведска
  • Норвешка
  • Црна Гора
  • Кипар
  • Азербеjџан
  • Летонија
  • Израел

Во големото  финале за првпат во Евровизиската историја ќе настапат рекорден број земји -27, а ќе гласаат сите 40 земји колку што учествуваат на годинашниов Избор за песна на Евровизија.

На прес конференцијата  одржана по втората полуфинална вечер на која 10-те финалисти по пат на жрепка го извлекоа насапот во првата или втората половина од шоуто, рано утрово,од  страна на продуцентот на евровизискиот избор, австрискиот национален радиодифузер беше објавен и конечниот редослед за настап на сите 27 земји во финалето.

Ваквиот редослед е направен со цел на секоја песна да и се обезбеди целосно внимание од страна на гледачите, т.е динамичност во директниот пренос од големото финале.

Ова е редоследот на настап:

1. Словенија

2. Франција

3. Израел

4. Естонија

5. Обединето Кралство

6. Ерменија

7. Литванија

8. Србија

9. Норвешка

10. Шведска

11. Кипар

12. Австралија

13. Белгија

14. Австрија

15. Грција

16. Црна Гора

17. Германија

18. Полска

19. Летонија

20. Романија

21. Шпанија

22. Унгарија

23. Грузија

24. Азербеџан

25. Русија

26. Албанија

27. Италија

Во 1999-та година ЕБУ го укина правилото секоја земја да настапи со песна на својот официјален национален  јазик, пе ќе бидат одпеани па а така во финалето песните ќе бидат одпеани на: англиски, француски, италијански, шпански, црногорците си пеат на својот јазик, а Романците ќе пеат билингвално со дел од песната одпеан на англиски и на Романски.

Стручното жири составено до вкупно 200 етаблирани имиња од областа на музиката, во 40 земји ги даваат своите гласови на генералнат проба вечерва, а гласовите на публиката преку телевоутинг во однос 50:50 % се додаваат на директниот пренос.

Директниот пренос започнува во сабота на 23 мај, со почеток во 21 часот , а се очекува да заврши 30 тина минути по полноќ.

 

Каролина Петковска, специјален известувач од Виена за МРТ